Откако на прес-конференција првиот човек на РК Вардар 1961, Михајло Михајловски, го престави комплетниот ростер на тимот за следната сезона, денеска дојде и клупска потврда за трансферот на Жереми Тото.

Францускиот пивотмен и официјално е нов играч на Вардар, откако минатата сезона беше дел од полскиот тим Висла Плоцк. Тој ќе биде едно од новите засилувања за Веселин Вујовиќ кој седна на кормилото на „црвено-црните“.

sportmedia.mk