Европскиот шампион пред најголем предизвик во ЛШ

Вардар и Барселона во битка за првото место во групата

Вардар и Барселона досега имаат скор од три победи и едно реми, а овој натпревар ќе биде и битка за првото место во групата. Интересен е и податокот што европскиот шампион немаше победа над Барселона се до полуфиналето на Лигата на шампионите, минатата сезона, а дополнителен ветар во грбот за вардарци треба да биде македонската публика.

Македонскиот ракометен шампион Вардар, сабота (17.30 ч) во СЦ "Јане Сандански" ќе биде пред најголемиот предизвик сезонава во Лигата на шампините. "Црвено – црните" во 5. коло од А - групата го пречекуваат каталонскиот гигант Барселона, во чии редови настапува македонскиот репрезентативен голман Борко Ристовски. За овој натпревар во таборот на европскиот шампион се враќа средниот бек Игор Карачиќ, кој поради повреда ги пропушти претходните два меча во ЛШ, против Нант и Пик Сегед.

Вардар и Барселона досега имаат скор од три победи и едно реми, а овој натпревар ќе биде и битка за првото место во групата. Интересен е и податокот што европскиот шампион немаше победа над Барселона се до полуфиналето на Лигата на шампионите, минатата сезона, а дополнителен ветар во грбот за вардарци треба да биде македонската публика.

Според мене Барселона е нашиот најголем противник, бидејќи има искусни играчи кои знаат да играат големи натпревари. Ако сакаме добар резултат мора да ја имаме најдобрата одбрана. Во напад мора да бидеме добри, бидејќи Де Варгас е одличен голман. Навивачите мора да навиваат многу гласно. Ние сме сега еднакви, имаме исто бодови на табелата и затоа ова ќе биде важен натпревар. Ќе биде тежок, но со нашите навивачи имаме шанса да победиме, вели Гонзалез.

Каталонците се единствениот тим кој го победи Вардар по освојувањето на европската титула. Тоа се случи во полуфиналето на Супер Глоуб турнирот во Доха – 32:29.

Во полуфиналето на Супер Глоуб одигравме многу лоши петнаесет минути. Барселона направи седум гола разлика и после беше тешко да ја стигнеме. Но најважно за нас е да одиграме добра одбрана, бидејќи само така ќе можеме да добиеме предност, односон повеќе контра напди кои ќе мораме да ги реализираме, заврши Раул.

Поврзани

Најнови вести

Коментари