logo
logo
logo

Вардар го стави Пелистер во карантин

Vecer | 05.02.2021

Вардар го стави Пелистер во карантин

Очекувано, по Вардар и Пелистер мораше да замине во изолација.

Битолчани имаат позитивни случаи на Ковид-19, па дел од кошаркарите во следните две недели тимот ќе мора да го мине задолжителниот карантин.

Корнавирусот постојано прави проблеми во спортот. Во Вардар, играчите и дел од стручниот штаб по вторпат се заразија со Ковид-19, сега и го проширија вирусот. По дуелот во Кале настрадаа и битолчани.

Токму поради ова викендов ќе има два меча помалку. Одложени се средбите меѓу Вардар и МЗТ Скопје како и Пелистер – ТФТ.

На терените се враќа Работнички, кој ќе биде домаќин на Кожув, мечот се игра во недела, за кога е закажана и пресметката меѓу Куманово и Академија ФМП. Утре во рамките на 14. коло силите ќе ги одмерат Еуроникел и Гостивар.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk