logo
logo
logo

Вардар го отфрли обвинението од страна на МЗТ Скопје 2

Vecer | 13.05.2021

Вардар го отфрли обвинението од страна на МЗТ Скопје 2

МЗТ Скопје 2 не успеа да го добие вториот меч против Вардар во плеј-аутот, на гостински терен беше совладан со 68:56. По завршување на оваа средба, од таборот на тимот од Аеродром излезе со сопштение, во кое обвини дека противникот настапил со играч кој воопшто го немало во записникот. Според нив, ова е прекршување на пропозициите и актите на КФСМ и очекуваат службена победа од 20:0!

Вечерва со објаснување излезе и Вардар.

„К. К. Вардар официјално ја известува канцеларијата на КФСМ дека на натпреварот со МЗТ Уни Банка Скопје, кој се одржа на ден 13.05.2021 во 17ч. во С. Р. Ц. Кале, а за кој е најавена жалба од гостинската екипа на МЗТ Уни Банка Скопје по основа на Член 27 од Правилникот за натпреварување на сениорските лиги, во кој се означува играчот Данаил Иванов како неправилно регистриран играч, е неосновано. Имено, играчот Данаил Иванов е правилно регистриран со лиценцен број 027256 и се наоѓа на Листата на одобрени играчи од КФСМ на К.К.Вардар согласно член 13 од Пропозициите за натпреварување и основни одредби за сениорски лиги сезона 2020/2021. Играчот во согласност со Covid19 протоколот беше тестиран за овој натпревар и резултатите доставени со останатите тестирани играчи. Истиот играч не е казнет, ниту суспендиран на некои од претходните натпревари. Поради тоа К. К. Вардар ви ја доставува и документацијата за натпреварот со надеж дека околноста која на никаков начин не влијаеше на крајниот резултат ќе се смета како ненамерен пропуст кој не ги загрози правилата од пропозициите за натпреварување на сениорските лиги“, се вели во известувањето на КК Вардар.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk