logo
logo
logo

Вардар домаќин на двете средби со Металопластика во осминафиналето од СЕХА лигата

Vecer | 17.05.2021

Вардар домаќин на двете средби со Металопластика во осминафиналето од СЕХА лигата

Сезоната во СЕХА Газпром лигата ќе заврши со осминафиналните дуели меѓу Вардар1961 и Металопластика. Победникот од тој двомеч ќе се пласира во четврт-финалето на СЕХА лигата чии дуели дополнително ќе бидат закажани, но ќе се играат во август.

Вардар1961 и Металопластика се договорија своите две средби од осмина-финалето да ги одиграат во Скопје, на 7 и 8 јуни.

Првата средба е закажана за 7 јуни со почеток во 17,30 часот.

Следниот ден, на 8 јуни ќе се игра и вториот меч, повторно во 17,30 часот.

Тоа ќе бидат и последни средби за Вардар1961 сезонава бидејќи претходно планирано е домашното првенство да заврши на 3 јуни.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk