logo
logo
logo

Вардар без Џиџи против Шкендија, „жешко“ ќе биде под Шара и во Кратово, Работнички гостува кај “фенерџијата“

Vecer | 20.03.2021

Вардар без Џиџи против Шкендија, „жешко“ ќе биде под Шара и во Кратово, Работнички гостува кај “фенерџијата“

Денеска и утре на програмата се сите шест меча од 24.коло во ПМФЛ. Коло по кое ќе има двонеделна пауза поради настапот на нашата репрезентација во квалификациите за пласман на СП во Катар 2022 година.

Интересно, во ова 24. коло нема класично дерби, а играат Вардар и Шкендија. Ова не е дерби, а некогаш беше мега – дерби, и тоа поради фактот што се се случува во Вардар, но и тоа дека како никогаш досега Шкендија доаѓа во Скопје како апсолутен фаворит и се освен победа на тетовци ќе биде рамно на ЧУДО.

А на Вардар му треба чудо, посебно ако се знае дека на клупата ќе го нема стратегот Никола Илиевски – Џиџи кој е позитивен на корона, па ќе мора од изолација да го следува овој натпревар.

Јасно е дека во фудбалот никогаш не може да се предвиди резултатот, никогаш не е готово додека судијата не означи крај, сепак квалитетот во моментов меѓу Вардар и Шкендија е разлика во класи, веројатно две или три.

ЛАВОВИТЕ“ ВО ТЕТОВО…

Ренова под Шара ќе ја дочека Македонија ЃП. И на двете екипи бодовите им се повеќе од потребни. Ренова мора по секоја цена да ги освои трите бода, во спротивно лошо и се пишува во битката за опстанок. Го знаат ова добро “гиосарите“ и денеска со сите сили ќе „удрат“ по тимот од Ѓорче Петров.

Во Кратово се среќаваат Силекс и Шкупи, и таму бодовите им се непходни на двете екипи. Во секој случај ќе биде супер – интересно.

Во Струмица два прволигашки меча. На комплексот на “Горан Пандев“, домашниот состав ја дочекува Струга Трим Лум, додека на стадионот “Благој Истатов“ тимот на Беласица се среќава со Работнички кој оваа пролет на гости просто ги гази своите ривали. Ќе видиме дали и против “фенерџијата“ составот на стратегот Александар Влахо ќе дојде до трите бода.

Последниот меч од ова коло се игра утре, и тоа во Велес каде домашниот Борец го дочекува забревтаниот Пелистер.

ДВОЈКИ ЗА 24. КОЛО – ДЕНЕСКА (15 Ч)

ВАРДАР – ШКЕНДИЈА

БЕЛАСИЦА – РАБОТНИЧКИ

А.ПАНДЕВ – СТРУГА ТЛ

РЕНОВА – МАКЕДОНИЈА ЃП

СИЛЕКС – ШКУПИ

УТРЕ (15 Ч)

БОРЕЦ – ПЕЛИСТЕР

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk