logo
logo
logo

Вардар без Борко Ристовски на реваншот со Пик Сегед

Vecer | 16.02.2021

Вардар без Борко Ристовски на реваншот со Пик Сегед

Голем хендикеп за Вардар 1961 за гостувањето кај Пик Сегед. Единствениот македонски претставник во Лигата на шампионите ќе мора без Борко Ристовски. Искусниот чувар на мрежата има оток на коленото, па нема да може да му помогне на својот тим за реваншот против унгарскиот тим, кој во Скопје славеше со 26-28.

Ристовски кој во изминатите натпревари беше една од главните движечки сили во редовите на Вардар, го враќаше својот тим во игра, ќе мора да паузира неколку дена, па дури следната недела ќе биде познато дали ќе му биде на располагање на тренерот, Стевче Алушовски за дуелите со Елверум на домашен терен.

Ракометарите утре патуваат за Сегедин, мечот се игра во четврток. Засега освен Ристовски, сите останати се добра здрваствена состојба.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk