logo
logo
logo

Вардар 1961 има сигурни бодови без пот во Лигата на шампиони

Vecer | 12.02.2021

Вардар 1961 има сигурни бодови без пот во Лигата на шампиони

Новиот вид на Ковид-19 кој доаѓа од Велика Британија, а брзо се шири низ целиот свет ги принудува земјите кои и онака имаа строги протоколи целосно да се затворат.

Една од нив е Норвешка. Оваа држава уште претходно превзема строги мерки за странците кои доаѓаат, како и за оние кои патуваат надвор од неа. Добро е познато дека Вардар 1961 не ги одигра двата меча со Елверум во Лигата на шампионите, не по својата вина, току поради строгите протоколи на Норвешка во време на пандемија коронавирус.

Најново од оваа земја е откажувањето на сите зимски спортови и светски купови токму поради Ковид-19. Со оглед на тоа дека ЕХФ им даде рок на екипите да ги одиграат своите мечеви до почетокот на март, а потоа истите ќе ги заведи како службени победи или порази. Ова значи дека Вардар 1961 ќе добие бодови без пот, оти овој пат вината е кај Елверум, кој одигра осум меча. Стевче Алушовски и неговите момци би можеле да напредуваат на табелата и како последнопласирани во групата А да ја избегнат Барселона во осминафиналето.

Македонскиот тим поради протоколите во Франција и Германија, не одигра против ПСЖ и Фленсбург, следен противник е Пик Сегед, кој доаѓа во Скопје.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk