logo
logo
logo

Вардар 1961 четири месеци не знае за победа во Лигата на шампиони

Vecer | 17.02.2021

Вардар 1961 четири месеци не знае за победа во Лигата на шампиони

Точно е дека Вардар 1961 не се изнаигра оваа сезона, особено во првиот дел од сезоната во Лигата на шампионите. Но, истовремено е точно дека мина долго време од единствениот триумф на „црвено-црните“ во ова натпреварување.

Последен пат, единствениот македонски претставник во ЛШ победи на 15. октомври против Фленсбург на домашен терен (31-26) во меч од второто коло. Од овој дуел, Вардар одигра уште пет натпревари, на еден забележа реми, додека на остатите порази. Лошата серија, но и силите со кои располага оваа сезона, се далеку од доволни за да го гледаме овој тим во старото препознатливо светло. Па токму затоа засега се наоѓа на последното место на табелата во групата А.

Реваншот против Пик Сегед ќе биде нова шанса за прекинување на постот, но и шанса да му се одмазад на противникот за поразот од пре неколку дена на домашен терен.

Вардар денеска тргнува за унгарскиот град, но одново некомплетен, во составот поради повреда ќе го нема Борко Ристовски, кој има оток на коленото и ќе мора да одмори неколку дена, па дури потоа ќе бидат направени нови прегледи.

Дуелот меѓу Пик Сегед и Вардар се игра утре со почеток во 18:45 часот.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk