Дефанзивецот на Реал (М), Рафаел Варан, утре патува за Манчестер, за да го комплетира договорот со Јунајтед. Според информации од клубот, францускиот фудбалер ќе мора да помине неколку дена во карантин, пред да го потпише договорот и да му се приклучи на својото нов тим.

Варан по 10 години минати во Мадрид заминува од клубот со кој трипати стана шампион на Шпанија, го освои Купот и три Суперкупа на земјата, а исто така четирипати ја освои Лигата на шампионите.

 

sportmedia.mk