logo
logo
logo

Вака “ПУКНА“ Суперлигата: Ќе им дадеш понуда која не можат да ја одбијат!

Vecer | 21.04.2021

Вака “ПУКНА“ Суперлигата: Ќе им дадеш понуда која не можат да ја одбијат!

Вистински хаос се случува во фудбалска Европа. Суперлигата е речиси мртва, и тоа на задоволство на искрените фудбалски фанови. Фудбалот сепак не е мртов, но интересно како УЕФА го изведе овој маестрален потег, како Александер Чеферин успеа да ги победи Флорентино Перез и Андреа Ањели, кои до пред 24 часа беа речиси недопирливи.

Или со други зборови како “ПУКНА“ Суперлигата.

Каталонските медиуми, пред се “Мундо“ излегоа со информација дека УЕФА им дала понуда на англиските клубови кои тие едноставно не можеле да ја одбијат. И дека Челзи, Јунајтед, Сити, Ливерпул, Тотенхем и Арсенал се откажале од Суперлигата затоа што добиле поголема понуда од УЕФА во текот на вчерашниот ден од онаа на Суперлигата.

Значи сепак се било до парите, а не до барањата на навивачите.

Имено како што и вчера пишавме, УЕФА ќе позајми околу 6 милијарди евра, со тие пари требало Европската куќа на фудбалот едноставно да ја уништи идејата за создавање на Суперлигата.

Се преговарало, барем така пишуваат каталонските медиуми, само со шесте англиски клубови, а не и со Реал и со останатите како на пример Јувентус. И дека апелот на Чеферин вчера на конгресот на УЕФА, упатен само до премиерлигашите е најголем доказ за тоа.

Што од ова е вистина, знаат само Чеферин и англиските клубови.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk