logo
logo
logo

Вајли промовиран во Касадемонт Сарагоса

Vecer | 05.03.2021

Вајли промовиран во Касадемонт Сарагоса

Новиот македонски репрезентативец во интервјуто дадено за официјалниот сајт на Касадемонт Сарагоса, рече дека е многу задоволен од приемот што го имал во оваа нова средина и веќе е фокусиран на предизвикот кој со себе во сабота навечер го носи  средбата со Хувентуд.

„Сите ме пречекаа со раширени раце. Благодарност до соиграчите и стручниот штаб што ми го олеснија создавањето на многу позната атмосфера во која адаптацијата беше многу полесна“- потенцираше македонскиот репрезентативец. 

По негово доаѓање, Сарагоса реализираше две победи. Една во „Ендеса“ лигата, против Реал Бетис во Севиља, потоа и против Динамо Сасари во ФИБА Лигата на Шампионите.

„Јас сум среќен поради двете победи. Овој тим има многу потенцијал. Тука никој не се грижи за тоа кој колку поени постигнал или да ја гледа статистиката. За мене, главната работа е да победуваме. На крајот на краиштата, треба да создадете култура за победување“.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk