logo
logo
logo

Вајли не можеше да ја извлече Сарагоса од „пеколот“ во Бамберг

Vecer | 23.03.2021

Вајли не можеше да ја извлече Сарагоса од „пеколот“ во Бамберг

Сарагоса за која игра и македонскиот репрезентативец Џејкоб Вајли си ги замрси сметките околу пласманот на завршниот турнир во ФИБА Лигата на шампиони. На првото гостување во Топ 16 фазата претрпе убедлив пораз кај Бросе Бамберг. Резултатот 117:76. Германската екипа имаше неверојатен шутерски ефект од 21. тројка.

Вајли беше најдобар кај шпанската екипа, а самиот не можеше да ја спаси од пораз. Македонскиот репрезентативец реализираше 18. поени и два скока за нецели 20 минути на теренот.

По три кола Сарагоса има скор од 2-1 во групата Л.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk