logo
logo
logo

УЖАС ВО КОПЕНХАГЕН - ЕРИКСЕН ПАДНА КАКО ПОКОСЕН, ГО РЕАНИМИРАА ПА ГО ИЗНЕСОА ОД ТЕРЕН

Vecer | 12.06.2021

УЖАС ВО КОПЕНХАГЕН - ЕРИКСЕН ПАДНА КАКО ПОКОСЕН, ГО РЕАНИМИРАА ПА ГО ИЗНЕСОА ОД ТЕРЕН

Ужас во Копенхаген. На натпреварот помеѓу Данска и Финска на крајот на првото полувреме, данската ѕвезда Кристијан Ериксен падна како покосен.

Ериксен се онесвести, а медицинската служба веднаш притрча кон него. Лекарите брзо се спуштија на теренот со дефибрилаторот и започнаа да се борат за неговиот живот, а неговите соиграчи се во очај.

Навивачите се во солзи, а преносот на натпреварот е прекинат, како и самиот натпревар засега.

Во моментов можеме само да се надеваме на среќен крај ...

Фудбалерите на Финска заминаа во соблекувалната и натпреварот беше прекинат, а неговото продолжение е под знак прашалник. Ова го потврди УЕФА, а девојката на Ериксен се симна на теренот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk