logo
logo
logo

Утре во 12 часот на Арената, прес на финалистите на Купот!

Vecer | 17.05.2021

Утре во 12 часот на Арената, прес на финалистите на Купот!

Во среда, на Националната Арена ’Тодор Проески“ со почеток во 19 часот, ќе се одигра 28-то финале во Купот на Македонија. Академија Пандев и Силекс, тоа се екипите кои ќе јуришаат на посакуваниот пехар во нашето најмасовно спортско натпреварување во земјата.

Да се потсетиме, струмичани го бранат трофејот од 2019 година, и тоа поради фактот дека лани поради пандемијата не се одигра докрај Купот. Додека Силекс ќе се обиде по 24 години да дојде до својот трет пехар во својата историја. Кратовци се радуваа во Скопје во 1994 и во Кавадарци во 1997 година.

По тој повод утре со почеток во 12 часот, и тоа во прес – салата на Арената ќе се одржи прес – конференција на која свое видување ќе дадат тренерите Александар Васоски (А. Пандев) и Горан Симов (Силекс), како и капитените на двете екипи.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk