logo
logo
logo

Утре стартува пролетниот дел во ВМФЛ: Брегалница и Скопје ставаат заверка на пласманот во елитата!

Vecer | 26.02.2021

Утре стартува пролетниот дел во ВМФЛ: Брегалница и Скопје ставаат заверка на пласманот во елитата!

Утре со мечевите од 17. коло, стартуваат натпреварите од ВМФЛ во двете конкуренции, во истокот и западот. Не треба премногу да се анализира за тоа кој е фаворитот на истокот, посебно кога ќе се види табелата. По тие есенски 16 кола штипските „сини“ собраа 42 бодови, седум повеќе од лутиот ривал Тиквеш, па така сега во следните 11 кола ќе треба да го „заверат“ пласманот во елитата. Се разбира дека нема да биде лесно, штипјани долго го чекаат тоа враќање во ПМФЛ, но Брегалница има добар тим, се засили и со Муарем и Дујовски, одработи добри подготивки и не би требало да има проблем.

Но исто така не би требало да има и опуштање, Тиквеш е опасен ривал. Во Кавадарци се смени стручниот штаб, сега таму е Пане Блажевски а покрај другите нови имиња се и Петар Љамчевски, двајцата Костовски, секако Стефан Костов. Секако дека Тиквеш има добар тим, но дали ќе биде тоа доволно да му се расипат сметките на тимот од Штип, останува да се види.

Сепак седум бода си се седум бода.

Да кажеме дека со одигрувањето на првите две пролетни кола ќе следува третиот круг кој ќе се игра по “Бергер“. Значи вкупно 27. коло. Првиот оди директно во ПМФЛ, додека вториот пак ќе игра бараж.

Ако Брегалница е апсолутен фаворит на истокот, тогаш тоа може да се каже за Скопје на западот. “Пиратите“ собраа 37 бодови и имаат седум повеќе од вторите Велешта и Гостивар кои во вториот дел од пролетниот дел ќе “влезат“ со по 30 бодови.

Скопје и тоа како го засили својот тим. Имено покрај другите ги доведе Кировски, Настевски, Десниќ и други, се се тоа искусни и квалитетни прволигашки играчи кои и тоа како ќе го подигнат нивото на играта на тимот од Автокоманда, а дека ќе биде така се виде и на пријателските зимава кога Скопје просто ги “торпедираше“ своите спаринг – партнери. Јасно е дека само Велешта и Гостивар би можеле да се заканат, но реално Скопје е за класа подобар ривал и од овие две екипи.

Кога сме кај западот, да споменеме дека се уште се чека на Вардари Форино, дали ќе игра или. Ќе сочекаме до утре до 12 часот за кога е закажан мечот со Гостивар на овој тим.

Исто така да споменеме дека денеска на прес, претставници на неколку клубови од двете втори лиги побараа менување на Статутот на ФФМ и поголема застапеност и гласност на второлигашките клубови во Собранието на ФФМ.

Во нивното писмо до ФФМ, но и до државните институции стои дека ова писмо е од името и на прволигашите и се споменува некој Иницијативен одбор.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk