logo
logo
logo

Утре ЦЕВ решава дали Македонија ќе биде домаќин на Ф4 турнирот од Сребрената лига

Vecer | 25.02.2021

Утре ЦЕВ решава дали Македонија ќе биде домаќин на Ф4 турнирот од Сребрената лига

На утрешната седница на Бордот на Европската одбојкарска конфедерација (ЦЕВ) треба да биде донесена одлука дали Македонија ќе ја добие организацијата на завршницата на годинешното издание на Сребрената Европска лига.

Одбојкарската федерација на Македонија уште по објавувањето на групите за годинешното издание испрати апликација за организација на Ф4 турнирот. Претходно, ОФМ аплицираше и за организација на турнирот од групата „А“ во првата фаза на натпреварувањето, каде покрај Македонија се најдоа и репрезентациите на Данска, Израел и Кипар. Во оваа фаза, мечевите по турнирски систем ќе се одржат од 28 до 30 мај оваа година.

Во групата „Б“ се селекциите на Хрватска, Унгарија, Австрија и Луксембург, а најдобрите две селекции од двете групи ќе се пласираат на Ф4 турнирот по кој ќе се бара и новиот освојувач на Сребрената Европска лига.

Ако ја добиеме организацијата на завршниот турнир, тоа ќе биде голема шанса за оваа генерација да се закити со трофејот од второто по ранг европско репрезентативно натпреварување.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk