Кирил Лазаров е во неверојатна форма. Нашиот најдобар ракометар и селектор на македонската репрезентација одново беше главна причина за радост во редовите на Нант.

Откако со гол на 14 секунди му донесе бод на Нант во Европската лига, вечерва беше прв стрелец во победата на Нант од 26-34 на гостувањето кај Ним. Македонската гол-машина постигна девет гола од 11 обиди, сите ги реализираше од седум метри.

Ова беше меч од 12. коло во францускиот шампионат, тимот на Лазаров со девет победи, реми и два порази остана на второто место на табелата.

Нант поведе со 1-3, домашниот состав се држеше до 23. минута, по која гостите ја превземаа целосно контролата, на одморот имаа позитива од 13-15. Името на победникот го решија само девет минути подоцна, токму со пеналот на Лазаров поведоа со 15-20, до крајот не дозволија пресврт.

Покрај Лазаров во форма беше и Нилсен, кој запиша 14 одбрани.

Формата на нашиот најдобар ракометар радува, особено ако се земе во предвид дека за месец дена стартува на Европското првенство.

sportmedia.mk