logo
logo
logo

Уште еден италијански клуб оди во стечај

Vecer | 24.03.2021

Уште еден италијански клуб оди во стечај

Третолигашот Ливорно е пред колапс откако му беше изречена казна со одземање на три бода поради тоа што на време не исплатил плати на фудбалери. Иако добил предупредување за неплатени средства на неколку играчи, вработени како и соработници за периодите јуни, јули и август 2020 година, клубот од Тоскана не ги подмирил долговите па му е изречена казна. Претседателот на клубот и извршниот директор Џорџо Хелер и Антонио Мастранџело тогаш добија суспензии од пет месеци.

Ливорно неколку години се бори со финансиски проблеми, но се чини дека пандемијата и големите губитоци што следуваа ги дотолчи. Клубот е на последното место во Серија Ц – група А.

Пред неколку месеци навивачите го кренаа гласот и агресивно тргнаа кон управата на клубот поради хаосот кој владее кај некогашниот прволигаш. Тогаш на теренот ставија три крста со имињата на тројцата директори од кои на едниот имаше ставено и свинска глава со порака „Ќе платите за се“.

Ливорно во сезоната 2006/07 дури играше во групите на тогашен Куп на УЕФА, а бил вицешампион на Италија во далечните 1920 и 1943 година.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk