logo
logo
logo

Уште еден фудбалер на Барселона со клаузула за откуп од 1 милијарда евра!

Vecer | 27.03.2023

Уште еден фудбалер на Барселона со клаузула за откуп од 1 милијарда евра!

Барселона во следниот период ќе инсистира на продолжување на договорот со Алекс Балде.

Според шпански извори, клубот сака да му понуди на 20-годишниот дефанзивец договор до најмалку 2027 година со изгледи за зголемување на платата и клаузула за заминување во висина од 1 милијарда евра. Барселона јасно му стави до знаење на играчот дека ќе биде редовен стартен играч следната сезона.

Сепак,  ограничувањето на платите поради финансиските проблеми на Барселона може да биде пречка за продолжување на договорот, затоа што претставниците на играчот, конкретно агентот Жорге Мендеш, инсистира Балде да добие двојно поголема плата. Барса се надева дека наскоро ќе ги договори условите од новиот договор на Балде, со цел и официјално да го објави на крајот од сезоната. Актуелниот договор на Балде со Барселона е до јуни 2024 година.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk