logo
logo
logo

Уште еден фудбалер ја „откачи“ Франција, за да игра за друга репрезентација

Vecer | 19.03.2021

Уште еден фудбалер ја „откачи“ Франција, за да игра за друга репрезентација

Францускиот селектор Дидие Дешамп го повика играчот на ПСЖ Абду Диало за репрезентацијата на Франција. Меѓутоа доби „корпа“ од него, затоа што овој одлучил да игра за друга репрезентација.

Диало во иднина ќе настапува за селекцијата на Сенегал. Тој донел одлука, и му ја соопштил на селекторот, со што Дешамп мора да бара друго решение.

Инаку овој играч игра како стопер, а и неговата замена Дан-Аксел Загаду од Дортмунд, во иднина реши да настапува за Брегот на слоновата коска, и со тоа Франција загуби двајца стопери.

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk