На најдобар начин ја користи пензијата

Усеин Болт лудо се забавува на јахта со секси Кеси

Спринтерот чии резултати во блиска иднина нема да бидат повторени живее во заслужена пензија. Купи јахта со име "Доминатор"со која ги посетува егзотичните места, а друштво му прави неговата секси девојка Кеси Ј. Бенет

Светскиот рекордер на 100 и 200 метри Јамајчанецот Усеин Бол, и кога не е на тартанот знае како да го привлече вниманиет на јавноста. Добро познато е дека тој е љубител на лудите забави и сака да прави откажени работи со кои ги забавува своите фанови. Тој иако не се прослави на посленото Светско првенство во Лондон, во август гоиднава, осови само сребрен медал на 100 метри, а штафетата 4х100 метри ја заврши со повреда на мускулот, по што одлучи да ја заврши кариерата.

По ова првенство, најдобриот спринтер на денешницата чии резултати во блиска иднина нема да бидат повторени живее во заслужена пензија која делува луксузно. Купи јахта со име "Доминатор"со која ги посетува егзотичните места. Нормално, со јахтата не патува сам. Цело време го следи неговата преубава и секси девојка Кеси Ј. Бенет, а повремено имаат и поголемо друштво. Од фотографиите кои двојата ги објавува на социјалните мрежи се гледа де двајцата уживаат во патувањето исполнето со луди и луксузни забави.

Светскиот рекорд на Болт, на 100 метри изнесува 9.58 секунди поставен на Светското првенство во Берлин во 2009 година. На истото првенство постави и рекорд на 200 метри (19.19 секунди). Тој е сопственик и на осум златни олимписки медали, a на светските првенства има осовено 11 злата, две сребра и еден бронзен медал.

Поврзани

Најнови вести

Коментари