logo
logo
logo

Универзитет во Тетово е првиот финалист во одбојкарскиот куп

Vecer | 26.03.2021

Универзитет во Тетово е првиот финалист во одбојкарскиот куп

Одбојкарите на Универзитет во Тетово се првите финалисти во Купот на Македонија во одбојка. На завршниот турнир во Струмица, тетовското дерби му припадна на Универзитет во Тетово со убедливи 3:0.

Доминацијата на „студентите“ беше видлива уште во првите два сета, во кои Шкендија не успеваше да најде начин да се врати во неизвесна битка за освојување на сетовите. Во првиот сет Шкендија дојде до 14,  во вториот само до 12 поени.

Во последниот сет Универзитет влезе поопуштено и дозволи Шкендија да дојде до освојување на 21 поен.

Во финалето, Универзитет во Тетово го чека подобриот од второто полуфинале меѓу Џио Струмица и Вардар кое е на програмата од 19 часот.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk