logo
logo
logo

„УНИШТЕН СУМ - не одам на Светско првенство“

Vecer | 09.11.2022

„УНИШТЕН СУМ - не одам на Светско првенство“

Англискиот фудбалер Рис Џејмс ќе го пропушти Светското првенство поради повреда на коленото.

Британските медиуми оваа информација ја пренесоа во средата, ден пред Герет Саутгејт да го објави конечниот список на патници за Катар.

Џејмс кој се повреди на натпреварот против Милан во Лигата на шампионите им се обрати на своите следбеници на социјалните мрежи.

„Уништен сум. Во моментот кога го повредив коленото, знаев дека враќањето ќе биде неизвесно, но секогаш чувствував дека е можно. Работев повеќе отколку што мислев дека можам да си дадам најдобра шанса да си заминам и навистина верував дека може да му помогне на тимот. Среќно момци, ќе се вратам наскоро“, изјави Џејмс.

Десниот бек на Челзи настапи 15 пати за „Горди Албион“.

Англија натпреварувањето против Иран го отвора на 21 ноември, потоа игра со Америка на 25, а групната фаза ќе ја затвори во дуелот со Велс на 29 ноември.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk