logo
logo
logo

Унион го запре Баерн, седум гола во Франкфурт (видео)

Vecer | 10.04.2021

Унион го запре Баерн, седум гола во Франкфурт (видео)

Германскиот првак Баерн Минхен одигра 1:1 на домашен терен против Унион Берлин во рамките на 28. коло на Бундес лигата. Младиот напаѓач Мусиала погоди во 68. минута за предност на „Баварците“, меѓутоа бод за берлинската екипа спаси Ингвартсен во финишот на натпреварот. Ова е првпат Унион да биде непоразен на „Алијанц арената“. Инаку за Баерн денеска дебитираше 20-годишниот Тијаго Дантас кој е играч од средниот ред.

А дури седум гола имаше на мечот меѓу Ајнтрахт и Волфсбург што се одигра во Франкфурт. Ајнтрахт победи со 4:3.

Херта одигра 2:2 против Борусија Менхенгладбах, додека Вердер на свој терен изгуби од РБ Лајпциг со 1:4.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk