logo
logo
logo

Унаи Емери: Го заслуживме овој успех!

Vecer | 27.05.2021

Унаи Емери: Го заслуживме овој успех!

Се чини дека по епското финале и победата на Виљареал против Манчестер Јунајтед, најсреќен беше стратегот на шпанскиот тим, Унаи Емери.

Овој тренер стана „специјалист“ во ова натпреварување, ова му беше негова четврта титула. Три освои со Севилја, а синоќа во Гдањск се радуваше со Виљареал.

Многу сум среќен. Момците напорно работеа цела сезона. Горди сме и среќни сме. Сакав да ја освојам Лигата на Европам, но сакав и да бидам во Лигата на Шампионите. Ќе уживаме кога ќе играме во ЛШ. Го заслуживме овој успех. Сметам дека нашите играчи го покажаа вистинскиот карактер во ова финале. Знаевме што треба да се направи, се боревме, на крајот бевме подобри од противникот. Видете, пеналите не се лотарија, треба да си силен ментално за да дадеш гол од пенал во едно вакво финале“ изјави Емери по финалето во ЛЕ.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk