logo
logo
logo

Украинка и Французинка ќе судат квалификации за СП 2022!

Vecer | 26.03.2021

Украинка и Французинка ќе судат квалификации за СП 2022!

Екатерина Монзул и Стефани Фрапар ќе бидат првите жени судии кои ќе се појават како главни судии на машки квалификациски натпревар на Светското првенство во 2022 година.

39-годишната Украинка Монзул, е назначена за главен судија на натпреварот од европските квалификации за СП 2022 меѓу Австрија и Фарските Острови, а 37-годишната Французинка Фрапар ќе суди на мечот меѓу Холандија и Летонија.

Помошници на Монзул ќе и бидат сонародниците Александар Жуков и Виктор Матјаш, додека помошници на Фрапарќе и бидат Гијом Дебар и Мајкл Берчебру.

Претседателот на Комитетот за судии при ФИФА, Пјерлуиџи Колина ги коментираше првите назначувања на жени на машки натпревари во квалификациите за СП.

„И покрај фактот дека тие веќе имаа неколку натпревари во важни машки натпреварувања, за првпат ќе судат во квалификациите за Светското првенство. Тоа е посебен настан за кој треба да се гордееме. Тие работеа многу напорно во последните неколку години и овие натпревари се признание за нивната добра работа“, вели Колина.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk