Украина му помага на казнетиот Хрват на Мундијалот

Колку е спортски, недоличното однесувања предизвикано од фудбалри, бидат помогнати и обештетени од страна на спортските институции и слободни "спонзори"... 

Фудбалскиот сојуз на Украина ќе компензира во казната која ја изрече ФИФА за скаутот на хрватската репрезентација Огнен Вукојевиќ, кој победата над Русија на СП во фудбал ја посветил на Украина.

"Јас лично и раковотството на ФС донесовме одлука да компензираме во паричната казна која му е изречена на Огнен Вукојевиќ и ќе му понудиме, со обзир на неговото искуство, работа во ФС на Украина", изјавил претседателот на ГСУ Андреј Павелко во разговор со новинарите.

При тоа Павелко одбил да ја коментира одлуката на ФИФА и увреувал дека Вукојевиќ ќе добие правна и материјална помош во случај на жалба.

Хрватскиот фудбалски сојуз (ХНС) го суспендирал Вукојевиќ од понатамошна работа на СП. Дисциплинската комисија на ФИФА го казнила Вукојевиќ со 15.000 швајцарски франци поради неспортски однесување.

Но, колку е спортски, недоличното однесувања предизвикано од фудбалри, да бидат помогнати и обештетени од страна на спортските институции и слободни "спонзори" притоа не водејќи сметка дека ваквиот пристап во иднина создава предуслов за непристојна "игра", која на крај не ќе се знае дали е спорт или спонзоријада.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари