Во трката за опстанок во Ла Лига, фудбалерите на Уеска вечерва славеа на гостувањето кај Леванте со 2:0. Со двата гола на Рафа Мир, гостинскиот тим го надигра Леванте, кој денеска комплетно потфрли.

Во составот на домашните нашиот Енис Барди остана на клупата се до 70. минута, кога доби шанса да ги одигра завршние 20 минути, но тоа не промени многу работи во конечниот исход на средбата.

sportmedia.mk