Европската куќа на фудбалот (УЕФА) денеска соопшти дека се разгледува воведување на забрана за точење алкохол на стадионите на кои летово ќе се играат натпреварите на Европското првенство.

Според информацијата од седиштето на федерацијата, УЕФА во соработка со здраствените комисии утврдила дека алкохолот може да придонесе за ширење на заразата со Ковид-19 на трибините на стадионите, доколку навивачите понесени од пијалоците навиваат многу гласно?!

Останува да се изготви комплетниот протокол кој ќе им биде поделен на сите градови домаќини на настанот.

sportmedia.mk