logo
logo
logo

УЕФА со специјални контролори ќе се обиде да ги спречи местенките во српскиот фудбал!

Vecer | 14.04.2021

УЕФА со специјални контролори ќе се обиде да ги спречи местенките во српскиот фудбал!

И тоа го има на Балканот, посебно во српскиот фудбал. Имено во последно време кај нашиот северен сосед избувна афера, во која и тоа според УЕФА, неколку натпревари биле наместени. Па така ако првите луѓе на српскиот фудбал не се во сотојба тоа да го сшречат, тогаш УЕФА презема чекори.

Имено како што се пишува во тамошните медиуми, УЕФА со свои специјални делегати или контролори ќе се обиде да ги спречи МЕСТЕНКИТЕ во српскиот фудбал. Во прво време тие ќе бидат лица од Србија, но потоа во “игра“ ќе се вклучат и странци.

Овие контролори ќе имаат право во секој момент да влегуваат во соблекувалните на играчите, потоа во просториите кај судиите, ќе имаат право на пристап до било кој дел од стадионот за време на натпреварот. Еден вид тоа ќе биде “фудбалска полиција“. Секој оној кој ќе биде сомнителен, ќе биде предупреден дека ќе го чека тешка казна.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk