logo
logo
logo

УЕФА ПРЕД ИСТОРИСКА ОДЛУКА: Реал и Јувентус може да добијат забрана за европски натпреварувања

Vecer | 23.04.2021

УЕФА ПРЕД ИСТОРИСКА ОДЛУКА: Реал и Јувентус може да добијат забрана за европски натпреварувања

Не стивнуваат реакциите за идејата 12 клуба да ја формираат европската Суперлига, дури и по одлуката повеќето да се откажат, но не и Реал Мадрид и Јувентус.

Европската куќа на фудбалот подготвува казни за мадридскиот и торинскиот клуб.

Според шпанските медиуми, една од идеите е веднаш да се елиминира Реал без борба во полуфиналето од Лигата на шампионите, но ќе биде тешко да се добие поддршка, бидејќи тоа би ја нарушило регуларноста на натпреварувањето.

Друга, а воедно и поверојатна опција е Јувентус и Реал да бидат исфрлени од Европа на една година. Некои членови на Извршниот одбор на УЕФА инсистираат на тоа, објави познатиот италијански новинар Танкреди Палмиери

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk