logo
logo
logo

УЕФА потсети на мечот пред 17 години кога Пандев и Стојков ја “тресеа“ Холандија (ВИДЕО)

Vecer | 10.02.2021

УЕФА потсети на мечот пред 17 години кога Пандев и Стојков ја “тресеа“ Холандија (ВИДЕО)

Нашата најдобра репрезентација ова лето ќе игра на ЕВРО 2020. Прво играме со Австрија на 13 јуни, потоа следува дуелот со Украина на 17, и двата меча во Букурешт, за да на 21 јуни патуваме во Амстердам, каде во рамките на 3. коло во групата играме со Холандија.

Во пресрет на тој меч УЕФА вчера на својот официјален сајт потсети на мечот од пред 17 години поточно во 2004 година, кога во Скопје одигравме со Холандија 2:2, со головите на Пандев и Стојков. Исто така потсети на останатите три меча, сите квалификациски, меѓу Македонија и Холандија. Не се заборави во тој текст да се каже дека токму на “Јохан Кројф“ Арената во Амстердам на 12.10.2005 година Македонија “извлече“ 0:0 против Холандија.

Во продолжение се споменува дека Горан Пандев играл против Холандија и пред 17 години и дека на тие четири меча, од вкупно трите голови кои Македонија ги постигнала дури два се негови.

И на крај секако дека напомена дека токму Горан Пандев ќе ја предводи Македонија на ЕВРО 2020, која заедно со Финска ќе биде дебитант на едно европско првенство.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=0nkTSM8vYpA[/embed]


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk