logo
logo
logo

УЕФА: Немало расизам во Париз

Vecer | 11.02.2021

УЕФА: Немало расизам во Париз

Голем хаос беше предизвикан во последниот натпревар од групната фаза во ЛШ помеѓу ПСЖ и Башакшехир. Мечот на „Паркот на принцовите“ беше прекинат поради наводни расистички навреди од судијата Себастијан Колтеску кон помошникот тренер на турскиот тим, Пјер Вебо.

Натпреварот продолжи следниот ден без романските судии, но Колтеску стана „мета“ на сите напади.

УЕФА веднаш покрена истрага и прегледани се сите докази, а како што тврдат романските медиуми, одлучено е дека расизам во Париз не постоел.

„Про Спорт“ тврди дека УЕФА соопштила дека ќе нема никакви постапки против судиите, но ниту против некогашниот тренер на Башакшехир, Окан Бурук кој наводно  судиите ги нарекол „цигани“.

„Не постоел расизам, романските судии го користеле зборот „негру“, за да го идентификуваат Вебо, но тој збор нема навредливо значење во романскиот јазик“, соопштено е од УЕФА.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk