Репрезентативците на Италија и Австрија нема да бидат во можност да одработат ниту еден тренинг на “Вембли“, па ни оној официјалниот пред мечот, кој се игра во сабота. Имено УЕФА им забранила и на двете селекции да тренираат на стадионот во Лондон, со цел да се заштити теренот посебно ако се знае дека до крајот на ЕУРО 2020 на најпознатиот европски стадион ќе се одиграат уште пет натпревари.

Секако дека ова е уште една лоша вест за Италија и Австрија. По онаа дека нивни фанови поради рестрикциите на Островот поради Ковид-19 не ќе можат да патуваат во Лондон и да го следат натпреварот од 1/8 финалето меѓу овие две репрезентации.

Па така планот на Италијанците е утре да се тренира во нивната база во Коверчано, потоа се лета за Лондон а за попладневниот тренинг, единствен во Лондон пред мечот со Австријанците, да се побара алтернативен терен.

sportmedia.mk