logo
logo
logo

УЕФА на 7 април ќе донесе одлука дали ЕУРО 2020 ќе се игра со публика

Vecer | 25.02.2021

УЕФА на 7 април ќе донесе одлука дали ЕУРО 2020 ќе се игра со публика

УЕФА на 7 април треба да донесе решение, дали ќе дозволи присуство на гледачи на мечевите на Европското првенство ова лето. Ова го објави членот на Извршниот комитет на УЕФА, Русинот Алексеј Сорокин.

„За тоа дали ќе има гледачи на турнирот ќе биде донесена одлука на 7 април“, изјави Сорокин за руската новинска агенција.

Првично, УЕФА планираше конечната одлука за формата на присуство на гледачи на трибините за време на турнирот да се донесе во март.

За време на Евро 2020, што беше одложено за оваа година поради коронавирусот, организаторите ќе разгледаат три сценарија: целосно присуство на трибините, стапката на посетеност да биде од 50, 30 или 20 проценти од максималниот капацитет и одржување на натпревари без гледачи.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk