УЕФА му се закани на ПСЖ со исфрлање од Лига на шампиони

Францускиот магазин „Екип" пренесува дека УЕФА му се заканила на Пари Сент Жермеин дека е можно да биде исфрлен од ЛШ поради кршење на правилата за фер-плеј.

Во последниот период беа најавени истраги против ПСЖ бидејќи има сомнеж оти не ги прикажуваат вистинските износи на спонзорските договори.

Според весникот, спонзорските договори со компаниите од девалвирале, односно во книгите на Парижаните се прикажани нереални, па така, нивната реална висина изнесува 87, а не 138 милиони евра.

Како пример се наведува договорот со QTA, кој е главен спонзор на клубот. СПоред проценките на Контролорното тело, реалната вредност на договорот е 58, а не 100 милиони евра, како што пишува во книгите.

Според Екип, УЕФА би можела да посегне со нови санкции, како забрана за доведување играчи, задржување на приходите остварени во ЛШ или дури исфрлање на екипата од тоа натпреварување, поради повторно прекршување на правилата.

Поврзани

Најнови вести

Коментари