logo
logo
logo

УЕФА му го одзеде на Билбао домаќинството на ЕУРО!

Vecer | 22.04.2021

УЕФА му го одзеде на Билбао домаќинството на ЕУРО!

Билбао нема да биде град – домаќин на претстојното ЕУРО. УЕФА му го одзеде домаќинството и тоа поради неможноста да ги испочитува сите санитарни протоколи. Се шпекулира дека место Билбао и стадионот “Сан Мамес“, домаќин ќе биде Севиља. Инаку во Билбао требаше Шпанија да ги игра мечевите како домаќин и тоа против Шведска, Полска и Словачка.

Треба да се каже дека Билбао беше еден од трите градови домаќини на ЕП кои официјално не го потврдија враќањето на гледачите на трибините. Оваа одлука УЕФА официјално ќе ја донесе во петок.

Инаку условите на кои УЕФА инсистира за секој град организатор, навистина се тешко остварливи.

Првиот услов е 60% од граѓаните на Баскија, односно Билбао да бидат вакцинирани. А болните од Ковид-19 да не завземаат повеќе од 2% од болничките капацитети.

Инаку ЕП ќе се игра од 11 јуни до 11 јули, а еден од учесниците е и Македонија, за првпат во својата историја.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk