logo
logo
logo

УЕФА има план: Од следната сезона ЛШ без Реал, Барса, Јуве и Милан?

Vecer | 24.04.2021

УЕФА има план: Од следната сезона ЛШ без Реал, Барса, Јуве и Милан?

И натаму владее хаос во врска со фамозната Суперлига. Официјално се откажаа осум клубови, но не и Реал Мадрид, Барселона, Јувентус и Милан. Флорентино Перез вели дека уште ништо не е готово, дека Суперлигата има големи шанси да заживее и се заканува дека тие клубови кои нема да играат во лигата на богатите, а претходно дале согласност и потпишале договор, ќе мораат да платат големи казни.

Од УЕФА веднаш стигна одговор, и тоа преку првиот човек Алексндер Чеферин. Тој вечера посочи дека сезонава во ЛШ ќе се одигра докрај со Реал, Челзи, Сити и ПСЖ, но затоа од следната сезона веројатно во Лигата на Шампионите нема да настапуваат Реал Мадрид, Барселона, Јувентус и Милан.

Вака повеќе не може. Тие четири клубови јавно не се откажаа од тој проект, веројатно веруваат уште во него. Е, па, ако е така, тогаш нема да играат во Лигата на Шампионите. Не можат да седат на две столчиња. Ако не се откажат од Суперлигата тие четири клубови за следната сезона ќе бидат исфрлени од ЛШ“ се закани Словенецот.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk