Во текот на вчерашниот ден, Европската куќа на фудбалот, УЕФА и официјално покрена дисциплинска постапка против екипите на Реал Мадрид, Барселона и Јувентус, трите клуба кои сеуште и официјално не се откажале од проектот Суперлига.

Како што е добро познато, сите останати освновачи на ова натпреварување веќе се откажаа по писмен пат, само овие три клуба не го сторија тоа, па затоа и следува оваа дисциплинска постапка.

„Етичките и дисциплинските инспектори на УЕФА од денеска се задолжени за спроведување на дисциплинска постапка за можно кршење на законските рамки на оваа институција од страна на Реал Мадрид, Јувентус и Барселона, а во врска со создавањето на таканаречениот проект Суперлига“ – се вели во вчерашното соопштение.

Доколку се докже вина секако, дел од дисциплинските мерки за кршење на статутот на УЕФА е и исфрлување од меѓународните натпреварувања кои се во тек или пак во иднина. За раководителите на клубовите пак, индивидуални суспензии за обавуввање на секаков вид функции во фудбалот.

sportmedia.mk