logo
logo
logo

УЕФА го суспендираше романскиот судија кој предизвика расистички скандал во Париз

Vecer | 09.03.2021

УЕФА го суспендираше романскиот судија кој предизвика расистички скандал во Париз

РОманскиот судија Себастијан Колтеску е суспендиран од страна на УЕФА, поради расистичкиот скандал во Париз, на натпреварот меѓу ПСЖ и Башакшехир. УЕФА објави дека романскиот судија нема да биде повеќе делегиран на натпревари до крајот на сезоната.

Колтеску предизвика голем скандал на натпреварот користејќи го зборот „негро“ покажувајќи на еден член на турскиот тим на клупата, после што турскиот тим го напушти теренот и замина во соблекувална.

Натпреварот продолжу следниот ден, а ПСЖ славеше убедлива победа.

Колтеску упатуваше извинувања и порачуваше дека се е недоразбирање и дека немал таква намера, сепак, УЕФА не му прости и го „отпиша“ од мечевите од крајот на сезоната.

Не е познато дали ова е крај на интернационалната кариера на Колтеску, со оглед дека одредени медиуми пишуваа дека планирал сезонава да му биде последна од активното судење.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk