logo
logo
logo

УЕФА ги објави делителите на правдата на ЕУРО, некои од нив ќе и судат и на Македонија!

Vecer | 22.04.2021

УЕФА ги објави делителите на правдата на ЕУРО, некои од нив ќе и судат и на Македонија!

Во текот на вчерашниот ден УЕФА ги објави судиите кои ќе ја делат фудбалската правда на претстојното ЕУРО од 11 јуни до 11 јули, на кое за првпат во својата историја ќе учествува и Македонија.

Нема некои посебни изненадувања, се чини најдобрите арбитри во моментов во Европа, ја добија честа да бидат дел од ЕУРО.

На континенталниот собир ќе се одиграат 51 натпревар, а 18 судии ќе бидат главни арбитри на сите тие мечеви.

Се разбира дека тројца од овие долунаведените ќе и судат и на Македонија на средбите со Австрија, Украина и Холандија. Да се надеваме дека нашата репрезентација на ЕУРО нема да одигра само три меча, туку повеќе.

Тоа се Феликс Брих (Германија), Џунејт Чакир (Турција), Карлос дел Серо Гранде (Шпанија), Андреас Екберг (Шведска), Орел Гринфелд (Израел), Овидиу Алин Хатеган (Романија), Сергеј Карашев (Русија), Иштван Ковач (Романија), Бјорн Кујперс (Холандија), Дани Макели (Холандија), Антонио Мигел Матеу Лахоз (Шпанија), Мајкл Оливер (Англија), Даниеле Орсато (Италија), Артур Мануел Рибеиро Соарес Диас (Португалија), Даниел Сиберт (Германија), Ентони Тејлор (Англија), Клемент Турпин (Франција) и Славко Винчиќ (Словенија).


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk