logo
logo
logo

Удар за Баерн: Ни Томас Милер нема да го игра финалето поради позитивен тест

Vecer | 11.02.2021

Удар за Баерн: Ни Томас Милер нема да го игра финалето поради позитивен тест

Баерн доби два удари пред финалето на Светското клупско првенство. Вчера Џером Боатенг мораше да отпатува во Германија од лични причини, а денеска напаѓачот Томас Милер бил позитивен на коронавирус и со сигурност ќе го пропушти финалето на Светското клупско првенство. Неговото отсуство се очекува да го пополни Серж Гнабри за двобојот со мексиканскиот Тигрес.

Според „Кикер“ Милер нема симптоми и се чувствува добро, меѓутоа поради позитивниот тест е изолиран од групата и е оставен во хотелот. Тој ќе патува одделно назад во Германија, а ќе ги пропушти и следните два меча од Бундес лигата веројатно и средбата со Лацио во ЛШ.

Милер бил тестиран вчера по тренингот на екипата. Освен Боатенг и Милер, Баерн ги нема на располагање ни Леон Горецка и Хави Мартинез кои поради коронавирус не отпатуваа во Катар за Светското клупско првенство.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk