logo
logo
logo

Убава вест за за новиот натурализиран Македонец - Џејкоб Вајли

Vecer | 12.02.2021

Убава вест за за новиот натурализиран Македонец - Џејкоб Вајли

Џејкоб Вајли, новиот Американец во редовите на македонската кошаркарска репрезентација своето деби ќе го има Перм.

Првото искуство на овој кошаркар со нашиот најдобар национален тим беше кошмарен. Вајли беше еден од позитивните играчи на турнирот во Талин, кој не го одигравме токму поради Ковид-19. Но, ова не беше единствениот проблем за Вајли, тој доби привремен раскин на договорот од Гран Канарија.

Вајли се врати во САД, но сега тешките денови се зад него. Според најновите информации по завршување на последниот квалификациски турнир за место на ЕП 2022 година во Перм, тој ќе се врати во редовите на шпанскиот тим.

Македонската репрезентација за Русија заминува на 15. овој месец, во периодот од 18. до 22. февруари ќе одигра четири меча и ќе се обиде да се пласира на континенталното натпреварување, на кое последен пат играше во 2015 година.

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk