Младата фудбалска репрезентација на Македонија следната недела во вторник и во четврток во Скопје ќе одигра два пријателски меча со соодветната селекција на Црна Гора. Овие две пресметки ќе бидат уште едне добар тест за генерацијата на селекторот Влатко Гроздановски.

Во пресрет на натпреварите, Гроздановски и неговиот стручен штаб го објавија и списокот на повикани фудбалери за овој репрезентативен собир.

ГОЛМАНИ: Стефан Тасев (Македонија ЃП), Гоце Јовчев (Вардар)

ОДБРАНА: Самет Реџепи (Шкупи), Јован Богдановски (Ренова), Гордијан Христовски (Кадино), Андреј Стојчевски (Ак. Пандев), Филип Ѓорѓиевски (вардар), Грегори Давков (Вардар)

СРЕДЕН РЕД: Октај Ракипи (Шкендија), Решат Рамадани (Шкендија), Александар Коцев (Беласица), Христијан Јосифовски (Победа), Џемиљ Јахији (Фортуна), Ване Крстевски (Ак. Пандев)

НАПАД: Албан Таипи (Ренова), Бехар Фета (Фортуна), Михаил Талевски (Пелистер), Мартин Талаков (Борец), Љупче Кудев (Брегалница).

sportmedia.mk