logo
logo
logo

У-19: Штета, во финишот испуштивме нова победа над Црна Гора

Vecer | 15.04.2021

У-19: Штета, во финишот испуштивме нова победа над Црна Гора

Младата селекција на Македонија до 19. години, предмалку во вториот пријателски меч одигран на ФФМ, одигра 1:1 против соодветната репрезентација на Црна Гора. Ако завчера на првата контрола победивме со 2:0, денеска ремизиравме.

Штета, до 80. минута имавме водство од 1:0, но тогаш гостите преку Ѓукановиќ израмнија на 1:1. Неколку минути подоцна се чини имаше и пенал за нас, а ја погодивме и стативата на Црна Гора.

Македонија поведе со голот на Фета во 36.минута.

И од двата меча селекторот Влатко Гроздановски може да биде задоволен, се гледа дека оваа селекција си има свој потенцијал.

МАКЕДОНИЈА – ЦРНА ГОРА 1:1 (1:0)

Стадион на ФФМ во Скопје. Судија: Александар Василевски (МАК). Стрелци: Фета 36. (МАК),Ѓукановиќ 80. (Ц.ГОР).

МАКЕДОНИЈА: Јовчев, Давков, Реџепи, Стојчевски, Крстевски, Фета, Талевски, Ракипи, Кудев, Талаков, Јахии. Резерви: Тасев, Јовановски, Јосифовски, Богдановски, Христовски, Коцев, Ранадани, Мирков, Али. Селектор: Влатко Гроздановски.

ЦРНА ГОРА: Злајиќ, Брозовиќ, Дасиќ, Ѓукановиќ, Четковиќ, Ернец, Дакиќ, Магделиниќ, Балиќ, Б. Вукотиќ, Делибашиќ. Резерви: И. Радовиќ, М. Радовиќ, Н. Вукотиќ, Четковиќ, Вуковиќ, Мугоша, Тимушиќ, Перишиќ, Михајлевиќ, Јонковиќ.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk