logo
logo
logo

Тутоспорт: Можно е Наполи да го врати Сари

Vecer | 27.02.2021

Тутоспорт: Можно е Наполи да го врати Сари

Дека италијанскиот фудбал и случувањата во него знаат да бидат непредвидливи тоа не е новина. Се случувале скандали и тоа големи, караници, суспензии. По една голема караница помеѓу некогашниот тренер на Наполи, Мауруцио Сари и првиот човек на клубот, Аурелио Де Лаурентис Сари и си замина од Неапол. Беше тоа во 2019 година, а потоа Сари замина во Јувентус. И од таму доби отказ, а по проблемите кои Наполи ги има на резултатски план денешен Туроспорт вели дека е можно повторно да биде ангажиран.

Наполи не е задоволен од Џенаро Гатузо. Тој беше пред отказ, па го победи токму Јувентус и се спаси. Но следуваше 2:4 поразот од Аталанта, како и испаѓањето од Лига Европа од Гранада, што никако не е добро. Па така, јавноста е се пожестока кон Гатузо, се бара одговорност, а познавајќи го Де Лаурентис и како тој ги влече потезите, можно е од понеделник Наполи да има нов кормилар.

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk