logo
logo
logo

Турците најавуваат: Џани е многу блиску до потпис со Галатасарај!

Vecer | 09.03.2021

Турците најавуваат: Џани е многу блиску до потпис со Галатасарај!

Се чини дека најавите дека Езџијан Алиоски во јуни ќе се пресели на Босфорот, се остваруваат. Имено како што денеска известуваат речиси сите турски медиуми, почетните преговори меѓу Македонецот и Галатасарај завршиле успешно, и дека Џани е многу, многу блиску до потпис со едне од најголемите клубови во Турција.

Познато е дека веќе неколку месеци во Англија, посебно меѓу фановите на Лидс се водеше расправа дека Џани му треба на Лидс, дека се клубот мора да му даде добра понуда на нашиот репрезентативец, но очигледно е дека тоа не дошло, поточно понудата не била толку добра за Џани. Алиоски со Лидс е “врзан“ до јуни оваа година и потоа е слободен, па е Галатасарај за речиси без пари ќе успее да донесе екстра засилување.

Инаку Алиоски досега има играно за екипите на Шафхаузен, Лугано и сега е во Лидс. Има одигра 354 официјални мечеви на кои постигнал 50 голови и забележал 43 асистенции.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk