logo
logo
logo

Тухел vs Гвардиола - седми пат еден против друг, првпат во европски меч!

Vecer | 29.05.2021

Тухел vs Гвардиола - седми пат еден против друг, првпат во европски меч!

Челзи или Манчестер Сити? Томас Тухел или Пеп Гвардиола? Кој до титулата европски шампион? Одговорот ќе го дознаеме вечерва по одигрувањето на финалето на Лигата на шампионите на „Драгао“ во Порто.

Ова ќе биде интересен дуел помеѓу тренерите, германскиот техничар Томас Тухел и шпанскиот „магионичар“ Пеп Гвардиола.

Тухел ја бара првата европска круна. Со Пари Сен Жермен не успеа минатата сезона кога беше поразен од Баерн во финалето, а сега ќе проба да дојде до првиот европски успех со Челзи. На спротивната страна Гвардиола двапати беше европски првак со Барселона, а вечерва атакува на третиот трофеј. Тој го однесе Сити до првото финале во ЛШ, а круната би била јаготка на шлагот на тортата.

Инаку Тухел и Гвардиола првпат играат меѓу себе во европски натпревар. Претходно седум пати се соочувале еден против друг. Гвардиола води со четири победи, Тухел има две додека еден меч завршил реми.

Првите пет дуели им се во Бундес лигата. Тухел како предводник на Мајнц и Борусија Дортмунд, а Гвардиола како тренер на Баерн. Меѓутоа откако Тухел е во Челзи има две победи над Гвардиола. Едната 1:0 во април оваа година во полуфиналето на ФА купот, еден месец подоцна ги доби „граѓаните“ со 2:1 и тоа во Манчестер во рамките на Премиер лигата.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk