logo
logo
logo

Тухел влезе во историјата на Лигата на шампиони

Vecer | 06.05.2021

Тухел влезе во историјата на Лигата на шампиони

Томас Тухел го предводеше Челзи до третото финале во Лигата на шампионите, во која има само една титула од 2012 година. До последната фаза од битката за тронот, премиер-лигашот дојде откако го совлада Реал Мадрид со 2-0, кој пак остана на рекордните 13. титули.

Германскиот тренер и предводник на Челзи на оваа средба влезе во историјата на Лигата на шампионите, како прв тренер кој со два различни тима успеал да влезе во финалето две години по ред. Елитното европско клупско натпреварување за првпат се одржа во сезоната 1955/56, тогаш под името Куп на шампиони.

Тухел минатата година со ПСЖ играше во финалето, но беше совладан од Баерн, сега за противник ќе го има Сити.

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk